ПЕДЕСЕТНИЦА Отпечати
Оцени ја статијата: / 5
ЛошоНајдобро 
Saturday, 14 June 2008


Новозаветната книга Дела апостолски, во која е опишана историјата на првите христијани и најраното ширење на христијанството, всушност започнува со опис на она што се случило педесет денови после Воскресението Христово, односно десет дена после Неговото славно Вознесение на Небесата. Делата апостолски започнуваат со зборовите кои Христос им ги рекол на Своите ученици пред Своето Вознесение: “Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушнале од Мене...“

После десет дена - според зборовите на евангелистот Лука -“сите апостоли беа заедно и еднодушни. И ненадејно се слушна шум од небото како да идеше силен ветер, и го исполни целиот дом каде што седеа. И им се покажаа разделени јазици, како огнени, и слезе по еден над секој од нив. И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот да изговараат...“ (Дела 2, 1-4).
На оние кои ова го видоа и не разбраа, св. Апостол Петар им ја објаснува смислата на настанот кој се случил, со зборовите на пророкот Јоил: “И ете во последните дни, рече Господ, ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат синовите ваши и ќерките ваши...“.

Светиот апостол Петар ја симнува завесата од скриеното значење на Светото Писмо и го открива планот замислен во мистичното битие на Света Троица. Кога Синот го завршува Своето дело, Отецот Го вознесува и го овозможува слегувањето на  Светиот Дух. Преку св.Петар, Црквата на Новиот Завет доаѓа до првото сознание за тајната на Света Троица, сега потполно откриена, за да може да постане Црква на избраните“ по провидението на Бога Отецот, преку осветувањето од Духот за послушност и поросување со крвта на Исуса Христа“(1.Птр. 1,2).
Благовеста на Петар допира до срцата на многубројните луѓе што го слушаа и тие го примија покајанието заради името на Исуса Христа.  На тој ден се крстија и присоединија кон Црквата Христова околу три илјади души. Оттогаш наваму Педесетница се смета за роденеден на црквата Божја.
Празникот Педесетница  е единствен во историјата со толку голем број на очевидци и сведоци на воплотувањето и прославувањето на Синот; сведоци на слегувањето на Светиот Дух на ден Духови; сведоци за откривањето на Отецот во Синот, преку Духот; сведоци на Света Троица.
Со Педесетница, во светот на историјата, започна големиот и славен ден Господов!
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
Ве молиме внесете го anti-spam кодот кој го гледате.

3.20 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 

Во Пресрет на Светата Четириесетница:

Преподобен Антониј Велики

Св. Антониј Велики
 

Беседи

МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО (параболата за митарот и фарисејот)

  (Лк. 18, 9-14)Блажени се гладните и жедните за правда, - вели Господ, - зашто тие ќе се наситат. Митарот и фарисејот од евангелската парабола дојдоа во храмот гладни и жедни за правда....
Повеќе

Современи Автори

Слегување во адот

article thumbnailВо текот на минатиот месец погребав шест деца од болницата, кадешто секоја сабота служам Литургија. Пет момчиња: Женја, Антон, Саша, Алјоша и Игор. И една девојка – Женја Жмирко,...
Повеќе

Написи

Митрополит Методиј - ЦРКВАТА И МЛАДИТЕ

Поттикнати од вродената наклоност кон историскиот оптимизам често правиме проекции на својата благочестива надеж за опстојување на Црквата сé до исполнувањето на времето. До светата...
Повеќе

Вера и Живот

Џејсон Мико - БОЖИЌ, ПРВ ДЕЛ

За поголем дел од христијанскиот свет утре е Божиќ. Знам дека Божиќ го славите за две недели и токму поради тоа оваа колумна и наредните две ќе се фокусираат на Божиќ и на Нова година - нешто...
Повеќе

КОЈ ВИ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ЦРКВАТА?

Неодамна, извршувајќи ја својата парохиска должност по повод домашна слава, бев  во домот на едно православно семејство. По завршувањето на чинот – водосвет и режење на славскиот лебк, по...
Повеќе

Духовни Текстови

Литургија по Литургијата

(Беседа за милостивиот Самарјанин, Лука 10, 25-37) Некое девојче, кое завршило обука за прва помош, во една прилика целото радосно, величајќи се себеси, вели: „Толку се радувам што синоќа пред...
Повеќе

ЗА ПРОСТУВАЊЕТО

Што е простување? Простувањето е заборавање  и ослободување од секој вид навреда, намерно или ненамерно, свесно или несвесно и извинување за секоја сторена грешка кон луѓето. Тоа е...
Повеќе

INBOX

ГЛАСОТ НА ВИСТИНАТА ОДЕКНУВА – ВРЕМЕ Е ЗА ПОСТ

  Започнува Божикниот Пост. Време на воздржување, покајание и поправање на нашиот живот. Во секоја Црква им се кажува на Православните верници дека постот...
Повеќе


Со Смрт, Смртта си ја згазил
Денес живееме во култура која ја одрекува смртта. Ова многу јасно се гледа ако погледнеме на било кое обично погребно претпријатие, кое се обидува да изгледа како и сите останати фирми...
Денот кога умре смртта
Според логосот на хроничната недоверба со која европејскиот син ја консумира стварноста громаден камен на сопнување е фактот на Христовото воскреснување...
Окото на Духот
Со благослов Божји, во радост пасхална, ја поминуваме и шестата седмица од великата Педесетница. Во овој ден Црквата Божја нè соочува со животната судбина на чудесниот евангелски јунак – слепородениот...
Колбе: „Сите сме Егејци“
Се разбира првото мое дело што го објавив 1999 година „Егејци“ беше еден голем филозофски есеј или есеистички роман, како што тоа се нарекува. Таа книга има и многу политички потенцијал, јас таму не само што за првпат ...
Статии на Велик Петок - CD и книга
Преводот и препевот од црковнословенски јазик, како и дизајнот ги направи митрополитот Американско-канадски Методиј, а музичката изведба е на хорот “Јустинијана Прима“...
 JoomlaWatch Stats 1.2.0